За нашата организација
Организацијата МЕЛ Македонија е дел од светската мрежа на центри за примена на методот на Универзалната енергија, со седиште во Ст. Луис, САД, кој се стреми кон унапредување на психо-физичкото здравје на човекот.
МЕЛ Македонија е невладино, неполитичко и непрофитно здружение кое работи на промовирање на теоријата и праксата на методот на Универзалната енергија преку одржување на семинари и предавања за техники на медитација, дишење и трансферирање на енергија.
Основач на овој метод е виетнамскиот Мастер LUONG MINH DANG кој создал нов начин на унапредување на физичкaта, менталната и спиритуалната благосостојба преку употреба на Човечката и Универзалната енергија (Human and Universal Energy - H.U.E.).
Практикантите на овој метод имаат можност да ги активираат човечките скриените потенцијали со цел подобрување на сопствената психо-физичка состојба и обновување на енергетскиот капацитет. Тоа им овозможува да ја унапредат својата, како и здравствената состојба на своите блиски. Оние кои го практикуваат овој метод исто така изучуваат филозофија за позитивен однос кон себе, кон животот и кон околината.
МЕЛ Македонија се залага и за истражување на ефектите од примената на Универзалната енергија врз емотивната, физичката и здравствената состојба на човекот. Здружението организира патувања на групи за посета на предавања и семинари во странство, поврзани со изучувањето на методот на Универзалната енергија. Здружението исто така се занимава со преведување и публикување на книги од областа на човечкото позитивно делување кон себе и кон другите.
Променето на: 16 Март 2010 12PM