ПОСЕТА НА ДР. ТРУНГ МИН ЛУНГ И ДР. ВУ ТРАН НА МАКЕДОНИЈА
Од 06-16 јули во Македонија ќе престојуваат Др. Трунг Мин Лунг (син на Мастер Данг и негов долгогодишен соработник во школото за УЕ) и Др. Ву Тран (еден од најискусните инструктори во школото за УЕ), како претставници од седиштето на МЕЛ во С.А.Д.За време на нивната посета на МЕЛ Македонија, ќе бидат организирани следните настани:
09 јули, 2010: СРЕДБА СО ДР. ТРУНГ МИН ЛУНГ И ДР. ВУ ТРАН
18:00 – 20:00Средба на Др. Трунг со сите студенти на методот за Универзална енергија (од Основно ниво до ниво 20)
На оваа средба студентите ќе можат да разменат искуства и да постават прашања за темите поврзани со методот за Универзална енергија.
20:00 – 21:00Средба на Др. Ву Тран со студентите од ниво 16 до ниво 20.
На оваа средба студентите ќе можат да разменат искуства и да постават прашања на Др. Тран за техниките поврзани со нивоата 16 – 20.
Влез:Влезот за овој настан е 100 денари.
10–11 јули, 2010: СПЕЦИЈАЛЕН СЕМИНАР ЗА КОРЕНИТЕ НА МАСТЕР ДАНГ
За прв пат во Македонија, Др. Лунг Мин Трунг ќе презентира длабок и сеопфатен увид во животот и делата на Мастер Лунг Мин Данг, основач на методот за Универзалната енергија. Др. Трунг, како син на Мастер Данг, негов студент и долготраен соработник во школото за УЕ, преку најразлични примери, слики, видео записи, ракописи и други материјали ќе им помогне на студентите подобро да се запознаат со начинот на кој делуваше и помагаше Мастер Данг. Целта е зачувување на неговата мудрост за помагање на себе и другите, нејзино спроведување во нашиот живот и оргинално пренесување на идните генерации.
Време:
10:00 – 12:30Предавање
12:30 – 14:30 Пауза
14:30 – 17:00Предавање
Цена на семинарот: 3.000 денари, за двата дена. За плаќање на рати, контактирајте го центарот.
Локација: Двата настани ќе се одржат во Хотел Континентал – Сала Фонтана
Пријавување: За двата настани потребно е претходно пријавување. Пријавувањето се врши најдоцна до 01 јули, за време на УЕ средби во петок, на 070-227-547 или на melmacedonia@mel-global.com.
На средбата и на Специјалниот семинар за Мастер Данг можат да присуствуваат сите студенти на методот за УЕ од Основно до ниво 20.